Skip to main content

Аргентина ќе оди на СП

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карлос Дунга е уверен дека нивниот голем ривал, Аргентина ќе избори место на Светското првенство во ЈАР.

 |  Крсте Голабовски  | 
Karlos Dunga
Карлос Дунга

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карлос Дунга е уверен дека нивниот голем ривал, Аргентина ќе избори место на Светското првенство во ЈАР.

Karlos DungaВо последното коло од јужноамериканските квалификации за пласман на СП, АРгентина во среда гостува кај Уругвај, а само со победа гаучосите имаат гарантирана виза за Јужна Африка, во случај на пораз, екипата на Марадона би можела да заврши дури на шестата позиција и да ја изгубе и шансата да игра бараж за пласман во Јужна Африка. Нерешен исход им носи на аргентинците сигурен бараж.

Дунга е увередн дека уругвајците ќе одиграат храбро против Аргентина и константно ќе напаѓаат, а аргентинците ќе знаат да го искористат тоа во своја полза.

„Уругвај ќе нападне од почетокот, со тоа ќе и остави доста простор на Аргентина. Овој пат нема да бидат така нервозни како против Перу и ќе играат многу подобро. Верувам дека Аргентина директно ќе се пласира на СП“, изјави Дунга.

Аргентина во саботата со погодокот на Мартин Палермо во третата минута од судиското надополнување го победи Перу со 2-1 и со тоа скокна на четвртата позиција на табелата,последното коло ќе ја донесе разврската кој ќе оди директно на СП а кој ќе мора да игра квалификации. Во овој момент Аргентина има бод предност пред Уругвај и два пред Еквадор. Петопласираната екипа ќе игра со четвртопласираната селекција од КОНКАКАФ зоната (Костарика или Хондурас).

{loadposition content9}