Skip to main content

Слоу фуд охрид

Презентација и дегустација на локална храна во ФТУ

Слоу Фуд Охрид во соработка со ФТУ, на покана од Општина Охрид организира презентација и дегустација на локална храна. Настанот е закажан за 22-ри декември (четврток) со почеток во 12 часот.
 |  инфодеск  | 
Купувај локално

Во четврток на 22-ри декември со почеток во 12 часот, Slow Food Ohrid во соработка со Факултетот за туризам од Охрид и на покана од Општина Охрид, организира презентација и дегустација на локална храна приготвена од членовите на здружението во холот на ФТУ.

Настанот ќе го отвори градоначалникот Пецаков, а Слоу Фуд ќе има кратка презентација за значењето на локалната храна. Потоа во холот ќе бидат презентирани сите локални производители со готвење во живо пред присутните – информираат од Слоу Фуд.

Оваа активност е дел од проектот „Купувај локално“ со кој се поддржуваат охридските локални производители да ги применат новите стандарди за промоција на своите производи со програмата за локален економски развој и со тоа да се доближат до купувачите и туристите.