Денеска (17.12.2022) во 07:38 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во водите на канал „Студенчишта” во Охрид бил пронајден починат Д.Р.(76) од Охрид.
Лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.