СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.П.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
При преглед извршен во атарот на охридското село Лескоец, полициските службеници кај него пронашле и одзеле кокаин – се вели во соопштението на СВР Охрид.