Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ја отстранија настрешницата кај Потпеш.
По налог на локалната самоуправа, оперативните служби на ЈП „Охридски Комуналец“ утрово излегоа на терен да ја санираат состојбата кај месноста Потпеш и ја отстранија настрешницата која се урна од видиковецот од објектот на оваа локација – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.