Skip to main content

Во просториите на касарна хаб

Денови на кариера во Охрид

Целта на настанот „Денови на кариера“ е младите да се запознаат со можностите што се нудат од ИТ компаниите во Охрид, а компаниите да се промовираат и запознаат со потенцијалните вработени.
 |  инфодеск  | 
Касарна хаб

Утре и задутре од 12 до 18 часот во Охрид ќе се одржат Денови на кариера. Настанот ќе се одржи во просториите на касарна ХАБ.

Со цел да им го олесниме процесот на вработување, или на избор на соодветна професија на младите, се организираат Career Days Денови на кариера-Охрид. Целта на настанот е младите да се запознаат со можностите што се нудат од ИТ компаниите во Охрид, а компаниите да се промовираат и запознаат со потенцијалните вработени. Настанот е отворен за сите кои сакаат да учествуваат, а е овозможен преку проектот Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO), финансиран од Европската унија, а го спроведуваат Општина Охрид и Стелар Солушнс Скопје – велат организаторите.

Во следните две години во Касарна Хаб планирани се низа настани, едукации, менторства и вмрежување на лица кои имаат идеи за иновативни бизниси со потенцијални инвеститори.