ТППЕ Струга воспостави сензорен систем за детектирање пожари
Противпожарната единица во Струга воспостави сензорен систем за детекрирање на пожари.
Базата е со седиштето во Струга, а антени со камери се поставени на повеќе локации во градот и струшките села. Целта е 24 часовен мониторинг, брзо откривање и следење на пожарите во непристапни терени, во шумски појаси, во селата и во градот.
На две места имаме по пет камери со сензори и покриен е цел терен. Го фаќаат секое село. Овој проект овие камери покажуваат секаде каде што има чад даваат сигнал веднаш каде гори – вели Фети Мазари, командир на ТППЕ Струга.
Противпожарната единица во Струга изминатава година имаше 280 интервенции од кои голем дел шумски пожари, но и опожарени куќи, станови, објекти. Најголем дел од пожарите во обејктите се поради неисчистени оџаци или неисправна електрична инсталација.
Да се чистат оџаците пред да дојде зимата, од оџаците имаме голем број пожари, многу куќи изгореа тоа е голем проблем – додава Мазари.
Струшката противпожарна единица имаше и голем број интервенции и при спалувањето на трска во Охридското езеро. Струга има 40 пожарникари, четири опремени противпожарни и едно навално возила кои покриваат терен од над сто илјади жители.
Новинар : Соња Рилковска