СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.В.(41) од Охрид како и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца”.
При контрола извршена на 02.11.2022 година на улицата „15 корпус” во Охрид, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Пежо” со охридски регистарски ознаки, управуван Г.В., а сопственост на правниот субјект. Притоа, утврдиле дека тој врши превоз на патници без да поседува соодветна дозвола-лиценца за вршење на јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.