Центар за култура григор прличев охрид
Вечерва започнува изложбата Пикасо можеби јас
Изложбата „Пикасо можеби јас“ започнува вечерва во 18 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Во 19 часот проекција на шпански филм.
Вечерва со почеток во 18 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ започнува изложбата „Пикасо можеби јас” од македонскиот уметник Филип Фидановски и „Недела на шпански филм”.
Во рамки на „Неделата на шпански филм“ ќе бидат прикажани филмовите „Шампиони“ од режисерот Хавиер Фезер, „Тајната во нивните очи“ од режисерот Хуан Хозе Кампанела и „Лесно е да се живее со очи затворени“ од режисерот Давид Труеба.
Проекциите ќе започуваат во 19:00 часот, а влезот е бесплатен.


