Skip to main content

Специјална болница за кардиоваскуларни заболувања

Промовиран проект за подобрување на условите во ЈЗУ Кардиологија Охрид

Промовиран проект за подобрување на условите во Специјалната болница за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“.
 |  инфодеск  | 
Проект кардилошки

Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков денеска присуствуваше на пригодниот настан за промоција на инвестицикиот проект „Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија-Охрид, набавка на опрема и дигитализација“. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Кирил Пецаков се осврна на важноста на овој проект и упати благодарност до сите кои се заслужни за неговoто реализирање.

Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ е гордост за Охридскиот регион, но и вистински пример за успешна здравствена институција во нашата држава. Се радувам што важноста на оваа болница беше препознаена и вреднувана од страна на Центарот за развој на југозападниот плански регион, Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, кои ја поддржаа реализацијата на овој проект, вреден нешто повеќе од 23 милиони денари. Реконструктивните зафати кои се предвидени во рамки на проектот ќе овозможат подигнување на нивото на услугите за пациентите и посовремени услови за дијагностика. Сето ова ќе придонесе и во насока на подобрување на условите за развој на здравствен туризам, привлекување на што поголем број странски пациенти и промоција на специјалната болница во соседните земји и пошироко – истакна во дел од своето обраќање, градоначалникот Пецаков.

Проект кардилошки

На настанот свое обраќање имаше директорката на Центарот за развој на југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска, државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Кирил Парталов и директорката на болницата, д-р Елена Коваческа Башуроска.

Проект кардилошки