Skip to main content

Кривична пријава

Маж од Шпанија фалсификувал пресметки за плата во фирма во Охрид

Лице од Шпанија со привремено живеалиште во Охрид доби кривична пријава поради „фалсификување или уништување деловни книги”.
 |  инфодеск  | 
Полиција

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Г.Р.(43) од Шпанија, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги”.

Тој, од еден правен субјект во Охрид одзел деловна книга за евиденција, ја пополнил со лажни податоци како да бил вработен во друг правен субјект во периодот од 26.02.2021 до 21.07.2021, ги фалсификувал пресметките за плата во износ од 799.452 денари и истите ги заверил со сопствен потпис – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.