СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.М.(71) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности”.
Кривична за охриѓанец поради узурпација на недвижности
Тој, неовластено, на плажа на брегот на Охридското езеро во туристичкиот комплекс „Св. Стефан”, зазел површина од околу 180 метри квадратни што со закон е определена како површина за општа употреба и противправно без одобрение издадено од надлежен орган од општина Охрид, поставил лежалки и чадори за сонце – се вели во соопштението на СВР Охрид.