Струшката болница функционира непречено и покрај милионските долгови
И покрај долгот од над три милиони евра, нема застој во работењето на струшката болница. Сметките на јавната здравствена установа се блокирани, против неа се водат судски спорови за наплата на долгови, но болницата и натаму ги нуди сите здравствени услуги за пациентите, а со тековното работење се намалуваат и долговите.
Изминатава година се бележи зголемен број на пациенти, оперативни зафати и интервенции на сите оддели.
Да имаме период, кога би имале потешкотии, но во координација и со министерството за здравство и со фондот за здравствено осигурување во Р.С Македонија имаме непречено, стабилно функционирање на нашата институција – вели д-р Арменд Арслани, директор на ЈЗУ Општа болница Струга.
Менаџментот воведе сет на препораки за штедење на електрична и топлинска енергија, со што се бележи заштеда од 20 до 30%.
Формирано е работна група и така според анализите од аспект на заштеда во споредба со месеците од лани можам да кажам дека сме успешни и дека имаме и до 20% заштеда на трошење на киловати, а ете за месец септември имаме околу 27% заштеда на трошење – додава Арслани.
Услугите на болницата во Струга ги користат над 100.000 пациенти од регионот Вевчани, Охрид и Дебар.
Новинар : Соња Рилковска