Јавното претпријатие „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните дека можат да ја користат услугата е-фактура.
Со активирање на оваа услуга ќе ги добивате Вашите месечни сметки и фактури брзо и навремено, притоа давајќи голем придонес во заштита на животната средина – информираат ЈП „Охридски Комуналец“.
Активирањето може да се изврши на два начини:
1. Доколку ја користите нашата услуга за електронска наплата на сметките и фактурите на веб-страната www.eohridskikomunalec.com.mk , во копчето за корисничка сметка го штиклирате полето.
Се согласувам сметките за извршените услуги да ги добивам само по електронски пат.
2. Другата можност е да пополните формулар за доставување на сметките и фактурите по електронски пат кој се наоѓа на нашата официјална веб-страна www.ohridskikomunalec.com.mk
„Ви благодариме што ги користите нашите електронски услуги и што придонесувате во заштита на животната средина“, додаваат од ЈП „Охридски Комуналец“.