Skip to main content

Хуманитарна акција на црвен крст и рцсоо ванчо питошески

Над 100 лица од Охрид добија топол оброк во своите домови

Реализирана хуманитарната акција на Црвен крст Охрид и РЦСОО „Ванчо Питошески“ за обезбедување на предновогодишни топли оброци за социјално загрозени семејства во Охрид.
 |  инфодеск  | 
Топол оброк

Преку 100 лица, во социјален ризик, стари, осамени, лица со хендикеп, добија вкусен оброк во своите домови, приготвен од учениците и професорите на средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, а доставен од страна на тимовите за логистика на Црвен крст Охрид и ученици од училиштето.

Со тоа беше реализирана хуманитарната акција на Црвен крст Охрид и РЦСОО „Ванчо Питошески“ за обезбедување на предновогодишни топли оброци за социјално загрозени семејства во Охрид.

Топол оброк

Хуманитарната акција ја поддржа и во неа се вклучи и Факултетот за туризам и угостителство од Охрид кој во рамки на фестивалот „Купувај локално“ обезбеди храна приготвена од локални производители на храна, која волонтерите на Црвен крст Охрид ја доставија до уште 30 лица во социјален ризик.

Изразуваме благодарност до РЦСОО „Ванчо Питошески“ и ФТУ и ги охрабруваме и поттикнуваме угостителите во Охрид, доколку имаат вишок на храна истата соодветно да ја спакуваат и не повикаат, за логистичките тимови на Црвен крст Охрид да ја достават онаму каде е најпотребна – велат од Црвен крст Охрид.

Топол оброк
Топол оброк
Топол оброк