На 22.12.2022 година во СВР Охрид лишен од слобода е А.И.(25) од охридското село Горно Лакочереј.
При контрола на возило „Опел”, со кое тој се превезувал, извршена на локален пат во селото, полициските службеници пронашле и одзеле ловечка пушка, која ја поседувал без соодветна дозвола. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.