Skip to main content

Државен првак по математика

Градоначалникот Пецаков на средба со Лео Нелоски

Лео е прогласен за Државен првак по математика за 2022 година, додека на Јуниорската Математичка Македонска Олимпијада освои сребрен медал.
 |  инфодеск  | 
Пецаков на средба со Лео

Денеска во својот кабинет градоначалникот Кирил Пецаков, оствари средба со охриѓанецот Лео Нелоски, ученик во деветто одделение во ОУ „Григор Прличев“.

Младиот Лео е прогласен за Државен првак по математика за 2022 година, додека, на Јуниорската Математичка Македонска Олимпијада која се одржа во Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде учествуваа математички најталентираните деца во Македонија, го освои сребрениот медал.

Пецаков на средба со Лео

Соговорниците разговараа за успесите кои ги постигнува и тоа не само по математика, туку и во другите области каде на натпреварите освојува награди.

Општина Охрид постојано ќе биде ветар во грб и ќе им дава поддршка на младите и телентирани ученици од основните и средни училишта во Охрид, со цел постигнување на уште повеќе и поголеми успеси.