Skip to main content

Јп комунално

Запалени два контејнери на ул. Ристо Крле во Струга

Благодарение на брзата реакција на струшките пожарникари, пожарот не се прошири на околните згради и возилата во околината, велат од ЈП Комунално.
 |  инфодеск  | 
Запалени контејнери

Непознати сторители запалиле 2 контејнери за отпад во град Струга, причинувајќи голема материјална штета, известуваат од ЈП Комунално.

Благодарение на брзата реакција на струшките пожарникари, пожарот не се прошири на околните згради и возилата во околината. Уништените контејнери ќе се заменат со нови – велат од ЈП Комунално.

Градот Струга апелира до граѓаните да ја почитуваат урбаната опрема поставена на јавни места и да не палат контејнери за отпад, за да се овозможи ефикасно собирање на комуналниот отпад и одржување на јавната хигиенa.