10 пакувања
Бела прашкаста материја пронајдена кај охриѓанец
Лишен од слобода 29-годишен охриѓанец кај кого полицијата пронашла 10 пакувања со бела прашкаста материја.
На 24.12.2022 година во 22:40 часот, во СВР Охрид лишен е од слобода Х.Д.(29) од Охрид.
Тој при преглед извршен на улицата „Абас Емин” во Охрид, полициските службеници кај него пронашле и одзеле 10 пакувања со бела прашкаста материја. Тој е приведен во СВР Охрид и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.


