Skip to main content

Поволно празнично купување

КАМ ги замрзнува цените на 100 производи

Целта на замрзнувањето на цените на производите е на граѓаните да им се овозможи поволно празнично купување и релаксирани празници.
 |  инфодеск  | 
Кам маркет

„КАМ маркет“ ги замрзнува редовните цени на 100 производи со цел да им излезе во пресрет на своите купувачи за престојните празници и да го ублажи шокот предизвикан од инфлацијата. Замрзнувањето ќе важи до 1 февруари 2023 година.

На листата производи чии цени ќе останат замрзнати се и основни производи, јајца, ориз, свежо месо и сувомеснати производи, млечни производи, тестенини, средства за лична хигиена итн.

Замрзнувањето е во еден правец. Тоа значи дека во наведениот период редовните цени нема да се покачуваат, но во зависност од општото движење на цените на суровините, енергенсите и другите ресурси, тие може да останат исти или да бидат пониски. Со други зборови, на купувачите им гарантираме ниски редовни цени – велат од „КАМ“.

Целта на оваа мерка е на граѓаните да им се овозможи поволно празнично купување и релаксирани празници. Мерката оди во прилог и на генералниот стремеж на „КАМ“ да обезбедува висок квалитет по ниски цени за своите купувачи.