На булеварот „Македонски Просветители“ се воведува нов режим на сообраќај.
Од кружниот тек на булевар „Туристичка“ до пресекот со улицата „Димитар Влахов“ сообраќајот ќе се одвива во две насоки. За останатите делови од булеварот „Македонски Просветители“ продолжува да важи постоечкиот режим на сообраќај.
Овој режим на сообраќај важи до носење на конечното решение за режим на сообраќај.