Хилари Клинтон попопуларна од Обама
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, која минатата година ја загуби од Барак Обама трката за номинација за демократски претседателски кандидат, сега е попопуларна од претседателот на САД, покажуваат резултатите од најновата анкета на агенцијата Галуп.

Според испитувањето на јавното мислење, 62 отсто од Американците имаат позитивна оценка за Клинтон, а 56 проценти за Обама.
Рејтингот на шефот на државата се намали за 22 отсто во однос на јануари годинава, кога стапи на должност, додека рејтингот на Клинтон забележа пад за само три проценти.
Девет од десет демократи имаат позитивно мислење и за Обама и за Хилари Клинтон, додека помалку од една петтина од републиканците имаат позитивен став за претседателот, а 35 отсто од нив за шефот на американската дипломатија.
Популарноста на Обама од почетокот на годинава се намали за 23 отсто кај независните избирачи и за 41 процент кај републиканците.
– Тоа е вообичаена ситуација. Државните секретари не ги обвинуваат за економските проблеми и непопуларна внатрешна политика, а во меѓународните кризи често ги сметаат за помалку одговорни од шефот на државата, изјави директорот на секторот на Си-Ен-Ен за истражување на јавното мислење, Китинг Холанд, потсетувајќи дека поранешните државни секретари Колин Пауел и Кондолиза Рајс биле попопуларни од Џорџ Буш, а Медлин Олбрајт од Бил Клинтон.