Skip to main content

УЕФА месецов со листа на клубови вмешани во местење

УЕФА соопшти дека во октомври ќе ги објави имињата на екипите кои биле вклучени во разни форми на корупција или местење на натпревари.

 |  Крсте Голабовски  | 
UEFA
УЕФА

УЕФА соопшти дека во октомври ќе ги објави имињата на екипите кои биле вклучени во разни форми на корупција или местење на натпревари.

UEFAСтанува збор главно за натпревари одиграни во југо -источниот дел на Европа.

„Без дилема оваа е најголемата афера на корупција во историјата на фудбалот“, изјави комесарот на УЕФА, Карл Донт. Тој потврди дека моментно со сигурност може да се каже дека  и една белгиска екипа местела натпревар, но се уште не се знае  името на екипата. Во истрагата на УЕФА за местење на натпревари вклучени се и неколку екипи од Македонија. УЕФА најави остри мерки против екипите за кои  ќе се потврди дека местеле натпревари. Домот на европскиот фудбал, поради местење натпревар ја казни прилепска Победа со осум години неиграње на европска сцена.



{loadposition content9}