Со огромна заложба на командирот на ТППЕ Охрид Борко Јанкулоски и силна поддршка од Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, целокупната локална администрација и Советот на Општина Охрид, конечно ТППЕ Охрид доби нови интервентни одела за технички интервенции и пожар на отворен простор.
Потребата од соодветна опрема и алат за беспрекорно функционирање на нашата единица наиде до разбирање кај сите засегнати страни во овој наш процес на обновување и опремување. Голема благодарност за поддршката и продолжуваме уште посилно и поенергично – велат од ТППЕ Охрид.