Skip to main content

Времеплов

На денешен ден е направена првата фотографија на Месечината

На 2-ри јануари, францускиот пионер на фотографијата, Луј Дагер ја направил првата фотографија на која се гледа Месечината.
 |  инфодеск  | 
Месечина

На денешен ден, 2 јануари, во 1839 година, човештвото ја посведочило првата фотографија од Месечината.

Францускиот пионер на фотографијата, Луј Дагер ја направил првата фотографија на која се гледа Месечината.

Луј Дагер

Дагер бил познат француски фотограф, пионер во снимањето фотографии со посебна техника, со употреба на сребрен слој. Првата фотографија на Месечината е и првата астрофотографија. Пред да биде направена сите астрономски набљудувања на Месечината биле пренесувани како цртежи.

За жал првата фотографија од Месечината не е сочувана, а подолу можете да ја видите првата детална фотографија на полна Месечина направена во 1840 година од Џон Вилијам Драпер, американски научник, како и од други научници во тоа време.

Месечина