Skip to main content

Здраво машко дете

Градоначалникот Пецаков во посета на првото новороденче

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска го посети првото новороденче во 2023 година и традиционално го даруваше со пригодни подароци.
 |  инфодеск  | 
Прво бебе

Здраво машко дете е првото новороденче во Новата 2023 година.

Новороденчето, денес, го посетив и традиционално го дарував со пригодни подароци. Упатувам честитки до семејството за нивната принова и им посакувам да бидат здрави, среќни и успешни, а новороденчето да израсне во среќен и успешен човек. Упатувам честитки и до лекарскиот тим задолжен за породувањето, докторите и до целиот медицински персонал – напиша градоначалникот Кирил Пецаков на официјалниот фејсбук профил.

Прво бебе

Новороденото дете е тешко 3 килограми и 450 грама и долго 53 сантиметри. Породувањето било синоќа во 20 и 55 минути. Бебето и мајката се во добра состојба.

Прво бебе