Skip to main content

Повредени две лица

Возило излетало од патот кај Оровник

Две лица се повредени откако возило „Голф”, управувано од 36-годишен жител на селото Мешеишта, излетало од коловозот.
 |  инфодеск  | 
полициска лента

На 02.01.2023 година во 02:15 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Оровник, патничко моторно возило „Голф” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(36) од селото Мешеишта, излетало од коловозот.

Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот А.К., а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.К.(32) од Мешеишта, кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св. Еразмо”. Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од СВР Охрид – информираат од СВР Охрид.