Skip to main content

Пецаков во посета на бебето и мајката

Машко бебе се роди во Охрид во 2023

Бебето е прва рожба, донесено е на свет по природен пат, а тешко е 3450 грама и долго 53 цм. Во посета на бебето и мајката беше охридскиот градоначалник Кирил Пецаков кој го даруваше со традиционални подароци од името на општина Охрид.

Во охридската болница, во Новата 2023 година на свет е донесено здраво машко дете. Првороденото бебе е породено по природен пат, тешко е 3450 грама и долго 53 цм. Во посета на бебето и мајката дојде охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, а притоа му врачи на првото новороденче пригодни подароци.

Од општина Охрид традицинално се подаруваат плишана играчка, мече и чек на 10.000 денари. Тоа е традиционален подарок за секое новороденче. Му посакувам добро здравје, среќа и успех. Мајката е во добра состојба и и посакавме и нејзе добро здравје. Со директорот на болницата посакавме да се раѓаат многу дечиња – истакна Пецаков.

Во посета на родилката и првото бебе во оваа година, во придружба на на градоначалникот Кирил Пецков беше и Асен Шајн, директорот на ЈЗУ Општа болница Охрид. Исто така, директорот Шајн им упати честитки и на бебето и на среќната мајка.

Мајката е прворотка и е од Кичево. Посакуваме на семејството здравје, благосостојба и среќа да ги прати во Новата година. Да бидат среќни и да доаѓаат за многу дечиња – кажа директорот Шајн.

Началничката на гинеколошкото одделение, д-р Мимоза Хиса се приклучи кон честитките за мајката и бебето. Таа е задоволна од бројот на породувања кои се направија на оваа одделение во измината година. Во 2022 година е натфрлен бројот од 500-тина пораѓања, информира д-р Хиса.

Од поодамна не сме имале толкав број на бебиња. Во последните 4 години бележиме раст на бројот на породувања на нашето одделение од 25 до 30 посто. Ги покриваме и другите градови од целиот регион, Кичево, Дебар, Ресен, Струга, Охрид и соседна Албанија кои доаѓаат за породувања, но и за оперативни интервенции – напоменува д-р Хиса.

Д-р Мимоза Хиса информира дека одделението е добро екипирано со лекари и средномедицински стручен кадар. За здравјето на пациентките се грижат 6-мина доктори специјалисти, а од специјализација се очекуваат да им се приклучат уште 3 лекари. „Имаме добри услови за работа и функционираме без проблеми“, напоменува началничката на Гинеколошкото оделение при ЈЗУ Општа болница – Охрид.

твм.мк