Повик за избор на наставници ментори
Министерството за образование и наука објави повторен повик за избор на наставник ментор. Се избираат ментори во училиштата кои немаат избрано кадар со вакво звање . За Охрид определен е бројот по еден наставник во две општински школи „Живко Чинго“ од Велгошти и музичкото училиште „Методи Патче“. Во соседна Струга, пак , со звања наставник-ментор може да се стекнат шест наставници и тоа од основните училишта „Климент Охридски“ од Дрслајца, „Зини Хани“ од Велешта, „Гоце Делчев“ од Јабланица, „Единство“ од Октиси, „Ашим Агуши“ од Радолишта, „Мурат Лабуништи “ од Лабуништа.
Наставниците може да поднесат барање за напредување во звањето наставник-ментор ако имаат најмалку седум години работно искуство и се вработени на неопределено работно време. Министерството за образование и наука во Планот за темелна реформа на националниот образовен систем , од 2019 година воведе бројни промени во сите сегменти во образованието.
Предвидоа повеќе системски мерки за да влијаат на личната мотивација на наставниците за работа, да придонесат за подигнување на дигнитетот и важноста на просветителската дејност. Една од тие мерки кои произлегоа од новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта кој предвидува можност за кариерен напредок во звања ментор и советник.За стекнување на овие звања се исполнуваат одредени критериуми. По изборот стручниот соработник добиваат соодветен дополнителен паричен надоместок како дел од личниот доход од работниот ангажман во иднина. Во охридските основни училишта засега има наставници со звања ментор, но нема избрано советници.
Поднесувањето на барањата за напредување во звање наставник-ментор се поднесуваат најдоцна до 20 февруари. Секое барање поднесено по овој датум нема да се разгледува и рангира.