Новогодишниот викенд навестува враќање на туризмот на старите патеки
Туризмот се враќа на старите патеки. Ако Новогодишните празници се земат за репер може да се каже дека, до вчера Охрид беше преполн со туристи исто како пред пандемијата. Наликуваше како среде лето во шпицот на сезона.
Според анализите на туристичките работници најбројни беа туристите од Србија, но имаше групи и од Бугарија, Хрватска, Албанија, Турција Романија и Израел.
Убавото време, празничната атмосфера придонесоа за бројните туристи да уживаат во прошетките на брегот на Охридското езеро, но и да ги посетат културно историските споменици во градот.
Се надевам дека ќе успееме да ги анимираме гостите за повторно да дојдат и да ја продолжиме сезоната да нема само летна во Охрид туку да е преку целата година – вели Димитар Кавраков, претседател на Македонската асоцијација на туристички водичи.
Туристичките водичи од соседството велат Охрид е уникатен и доста привлечна дестинација за гостите од бившите југословенски држави.
Охрид е многу интересна приказна отсекогаш, луѓето многу се интересираат. Познати се убавините на Охрид како единствена дестинација на нашите простори – вели туристички водич од Хрватска.
Овој тренд на пораст на туристи се очекува да продолжи. Според најавите на туристичките водичи голем наплив на гости од соседството се очекуваат за 8-ми Март.
За Божиќ би имале како и секоја година претежно од нашите православни верници од Балканот, Албанија, Грција, Црна Гора и Србија. Католичките верници не би дошле за Водици од 8-ми март очекуваме да се засилат патувањата кон Охрид, тогаш ќе сме преполни според најавите – вели Љупчо Јузмески, туристички водич.
За Бадник, Божиќ и Водици, како најмасовен и уникатен празник се очекуваат помалку гости, дел од православните верници од земјава и Балканот.
Новинар : Соња Рилковска