Skip to main content

Јавен повик

Финансиска поддршка за граѓанска организација која координира центар за згрижување деца со атипичен развој

Јавен повик за финансиска поддршка на граѓанска организација која координира центар кој згрижува и третира деца со атипичен развој.
 |  инфодеск  | 
Зграда општина Охрид

Општина Охрид за буџетската 2023 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува финансиски да поддржи граѓанска организација која работи на територијата на општина Охрид и координира Центар кој згрижува и третира деца со атипичен развој и аутистичен спектар. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на семејства од социјален ризик и теба да овозможуваат намалување на трошоците на овие семејства кон Центарот. Вкупната финансиска поддршка за оваа намена изнесува 432.000,00 денари

  • Услови кои организациите треба да ги исполнуваат:

– да нудат услуги на територијата  на Општина Охрид;

– да се регистрирани согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации;

– да спроведуваат активности од областа на социјалната заштита и да имаат искуство во работа со Центар кој третира и згрижува деца со атипичен развој, најмалку 1 година;  

  • Потребни документи и начин на пријавување

– Писмо за намери

– Програма за работа на Центарот;

– Правилник донесен од одговорното лице на Здружението кој ќе ги пропишува условите и начинот на користење на средствата кои се побаруваат од општина Охрид, како и ќе ги дефинира критериумите кои од корисниците на услугите на Центарот ќе може да бидат поддржани од средствата од општина Охрид;

– Изјава потпишана од одговорното лице на Здружението дека добиените средства од општина Охрид ќе се користат наменски, исклучиво за поддршка на лица кои доаѓаат од семејства од социјален ризик;

– Тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 месеци;

Пријавите заедно со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса: Општина Охрид ул.„Димитар Влахов“ бр.57 – Охрид со назнака „3а Комисија за спроведување на постапка за финансиска поддршка на Центар кој згрижува и третира деца со атипичен развој , или лично во архивата на општина Охрид.

  • Рок на пријавување

Потребните документи треба да бидат доставени најдоцна 15 дена од денот на објавување на јавниот повик.

Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.

Со избраната организација ќе биде склучен и посебен договор во кој детално ќе се дефинирани условите за користење на средствата по однос на јавниот повик.

Повеќе на следниот линк