Музичката програма за овогодинешното издание на Вевчанскиот карневал полека, но сигурно се крчка.
Ќе биде полна со македонска музика и легендарни музичари, па се надеваме дека сите вкусови ќе ги задоволиме. Легендите на македонскиот Рок енд Рол – Ласт Експедишн на 12-ти и Легендата на Македонската народна музика, кралот на тамбурашите Нино Величковски и кумановските тамбураши на 13-ти. На 12-ти Венко Серафимовски (Конкорд) и проектот П’рпл Цепелин (Deep Purple and Led Zeppelin трибјут) ќе не движат и развеселат низ музичко патување од младоста, додека на 13-ти за прв пат на Вевчанскиот карневал ни гостува бенд од Грција, Егејска Македонија, Банда Ен Топика кои многу вешто го свират нашето народно македонско и балканско музичко богатсво испреплетено со џез стандарди – информираат организаторите.
„За крајот на двете вечери ги имаме овие легенди. Во четврток ФИЦ ќе пее за “кучето мое” и “ладна како кока кола” додека го пратат Д’ ИНВИЗИБЛС, а локалната ѕвезда и шоумен Перо Бели како на сите убави поводи ќе ја има честа да ја затвори музичката програма на овогодинешното издание на Вевчанскиот карневал“, додаваат оттаму.