Албанија ги лансираше своите први сателити во вселената, објави премиерот Еди Рама.
Речено, сторено. Ракетата Фалкон 9 што ги носеше нашите два сателити Албанија 1 и Албанија 2 во вселената е лансирана – напиша Рама.
Тој истакна дека Албанија сега има повеќе можности да ја контролира и заштити својата територија.
Од денеска Албанија има повеќе високотехнолошки способности за контрола и заштита на територии, обезбедувајќи во реално време важни податоци во голем број клучни аспекти за одржлив развој – изјави албанскиот премиер.
Албанските сателити беа однесени во орбитата со ракетата Фалкон 9 како дел од мисијата Транспортер-6, во рамките на која во орбитата ќе бидат испратени 114 микросателити и други вселенски летала.
Албанскиот премиер испраќањето сателити во вселената го оправда со потребата да се реши проблемот со дивоградбите.