Јп водовод охрид
Жителите на ул. Гоце Делчев повторно без вода
Прекин во водоснабдувањето на улицата Гоце Делчев. Жителите на овој потег утрово повторно останаа без вода.
Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Гоце Делчев” ( пукнат yличен шибер), денес од 08:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата: „Гоце Делчев”, вклучувајќи ги и сите споредни улици на потегот од крстосницата со улицата „Македонски Просветители” до Здружение на возачи.
Екипи на ЈП „ВОДОВОД“ Охрид се на терен, до завршување на санацијата.


