Skip to main content

Соживот

Мети Жаку подели пакети со овошје и зеленчук на сограѓани христијани во пресрет на Божик

Во духот на најголемиот Христијански празник Божик, верниците од муслиманска вероисповед изразуваат почит кон своите соседи и сограѓани од христијанска вероисповед.
 |  инфодеск  | 
Мети Жаку

Македонскиот мултирелигиски живот има длабоки корени во земјава, но токму за време на празниците тој е најмногу видлив. Традицијата на почит едни кон други без разлика на религијата продолжува.

Во духот на најголемиот Христијански празник Божик, верниците од муслиманска вероисповед изразуваат почит кон своите соседи и сограѓани од христијанска вероисповед.

Еден таков пример на меѓусебно поврзување на граѓаните преку нивната различна верска определба ни покажа денес, нашиот долгогодишен соработник и пријател Мети Жаку, кој подели пакети со овошје и зеленчук на граѓани од православна вероисповед. Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето и стремежот кон мир и благосостојба се основни принципи на Исламот. Честитки и најдобри желби за овој добронамерник – велат од ЈП „Градски пазар“ Охрид.

Мети Жаку
Овошје