Skip to main content

Христијанство

Денеска е Бадник, утре Божик

Православните верници во земјава денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.
 |  инфодеск  | 
Бадник

За православните христијани денеска е Бадник, денот кога се собира семејството на трпеза, на која освен храна има и бадниково гранче, кое претставува симбол на светлината и топлината на домот и на сите членови на семејството.

Бадниковата вечера треба да нè потсети на тоа колку е важно семејството и слогата во него.

Утре е Божиќ, еден од трите најголеми празници, кога, според христијанското верување, е роден Синот божји, Исус Христос.

Според стариот јулијански календар се раководат Ерусалимската патријаршија, Македонската православна црква, српската, руската, грузиската црква и Света гора.

Божик е семеен празник и се одбележува во домовите и црквите. На Божик му претходи четириесетдневен пост. Луѓето на Божик се поздравуваат со „Христос се роди – Навистина се роди“!