Денес е Бадник или Коледе, Денот предвесник на најголемиот христијански празник-Божик.
Младите бадникарчиња и коледарчиња од општина Дебрца со песнички ја најавија радосната вест за Христовото раѓање.
Општината и оваа година го помогна учеството на бадникарчињата од Дебрца на големата бадникова поворка во Охрид. Христос се раѓа, славете! – напиша градоначалникот Зоран Ногачески на официјалниот фејсбук профил.