Skip to main content

Струга конечно ќе го решава проблемот со кучињата скитици

Општина Струга конечно издвои пари за решавање на проблемот со уличните кучиња. Градоначалникот вели немаат капацитет за отворање на Центар за згрижување на бездомните кучиња, но ќе преземат активности за контрола на популацијата преку стерилизација и кастрација.
 |  инфодеск  | 
Бездомни кучиња

Струга конечно најавува решавање на проблемот со уличните кучиња. После бројните реакции на граѓаните за преголемиот број кучиња низ струшките улици и напади врз граѓани, општината со буџетот за 2023 година, предвиде финансиски средства за третман на кучињата.

Целта е да се намали бројот, но и агресивноста.

Прво ќе се заловуваат женките, а потоа мажјаците, кои ќе бидат стерилизирани, односно кастрирани. Истите ќе бидат обележани и вратени на улица. Општината е немоќна да направи Центар за нивно згрижување, вели Мерко. ж

Кучињата скитници се голем проблем со кој треба да се справуваме. Ние работиме во изнаоѓање на решение со тоа што ние навистина како локална самоуправа не можеме сами да се справиме со кучињата скитници. И да направиме Центар за нивно згрижување кој може тоа да го издржи само ако слушнат сите ќе ги донесат во Струга – вели Рамиз Мерко, градоначалник на Струга.

Кучиња скитници

Од општината апелираат до сопственици на домашни кучиња да го ограничат нивното движење, бидејќи во спротивно ќе се соочат со казни. Општина Струга изминативе години исплатила милионски суми за отштети кон нападнати жители од улични кучиња.

Плаќаме големи оштети поголеми се оштетите него да се справуваме со проблемот. Тие средства можеме да ги дадеме на институцијата која ќе се занимава со таа проблематика – додава Мерко.

Од општина Струга апелираат до граѓаните доколку забележат дотур на кучиња скитници од другите општини, да ги сликаат возилата (автомобили, комбиња, камиони) кои вршат истовар и сликите итно да ги достават до општина или до полиција.

Новинар : Соња Рилковска