Skip to main content

Негување на вера

Враништа единствено село во земјава со православна младина

Речиси сите деца од 5 до 15 години секоја недела се на богослужба во црквата, пеат црковни песни, самоиницијативно учат веронаука, патуваат низ цркви и манастири, организираат хуманитарни акции. Сторија на Соња Рилковска.
 |  инфодеск  | 
Враништа

Во струшко Враништа силно се негува православието и верата. Тоа е единствено село во земјава каде има православна младина, која брои 60-тина деца, од пет до 15 години, кои секоја недела се на богослужба во црква. Ги знаат и пеат црковните песни, учат веронаука, ја спознаваат библиската вистина, патуваат во цркви и манастири, организираат хуманитарни акции.

Свештеникот и учителката здружено направија спој на верското воспитание и образованиот процес, за да ги воспитуваат децата да бидат чесни, да почитуваат, сакаат и помагаат. Целта е младите да се научат на мудрост и човечност, да израснат во здрави и морални личности.

Покрај црковните имаме и други едукативни активности со разни работилници со одржување на часови по веронаука. Посета на манастири и цркви низ нашата татковина и пошироко. И многу сме среќни бидејќи инетерсот на младите од ден на ден е се поголем и со самото тоа воспитуваме и градиме една здрава младина – вели свештеникот Ристе Наумоски.

Сите деца пеат во црковниот хор, учат, играат и се дружат.

Во текот на службата ги слушаме молитвите и надвор во црквата играме се дружиме – вели едно девојче.

Јас сум среќна кога ќе играме во дворот на црквата и кога внатре ги слушаме службите и пееме песни – вели друго девојче.

Во црквата кога ќе дојдеме многу ни е убаво. Ги слушаме молитвите – вели едно момче.

Враништа

Верата е ср’жта на човековата личност. Верското воспитание е потребно меѓусебно за разбирање.

Пред две години со благослов на отецот започнавме со некои активности кои што ги имаме и слава на Бога се надеваме дека уште долго ќе опстојуваме. Имаме две хуманитарни акции едната е со прибирање на зимници за помош на сиромашни семејства – изјави Јулијана Кицеска, учителка во Враништа.

Изучувањето на сопствената вера е зачувување на вистинските вредности кон кои сите ние треба да се стремиме, велат родителите.

Нашиот отец многу се труди за сите деца да ги воведе во нашата религија, да се православни христијани да знаат песнички им дава и причест – вели еден родител од Враништа.

Веронауката има за цел да ги поттикне учениците на одговорно однесување во училиштето, во семејството и во животот, да развиваат дух на толеранција и почитување на различноста меѓу луѓето. 

Новинар : Соња Рилковска