Кривично дело
Поднесено обвинение против Жан Митрев
Обвинителниот акт за физичкото и правното лице е поднесено за кривично дело измама, информираа денеска на брифинг во Обвинителство.
| инфодеск | Македонија
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против др Жан Митрев и неговата клиника.
Обвинителниот акт за физичкото и правното лице е поднесено за кривично дело измама, информираа денеска на брифинг во Обвинителство.
За ова кривично дело предвидена е казна затвор од една до 10 години.
ИРЛ минатата година објави сторија во која обелодени дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми на пари за хемофилитрација при лечење од Ковид -19, а таа метода не била пријавена пред Агенцијата за лекови -МАЛМЕД.