Џенсон Батон, светски шампион
На претпоследната трка од светското првенство во Формула 1 возена во Бразил на стазата покрај Сао Паоло победата ја однесе Марк Вебер возачот на Ред Бул, додека Џенсон Батон теоретски ја осигура шампионската титула на една трка пред крајот на првенството.
На претпоследната трка од светското првенство во Формула 1 возена во Бразил на стазата покрај Сао Паоло победата ја однесе Марк Вебер возачот на Ред Бул, додека Џенсон Батон теоретски ја осигура шампионската титула на една трка пред крајот на првенството.
Веќе од самиот старт трката беше возбудлива. Рубенс Баричело ја поведе колоната задржувајќи ја првата позиција, додека зад неговиот грб Кими Раиконен дојде до третата позиција. Потоа тргна да го нападне и Вебер, но удри во неговата гума и го скрши предното крило.
На истото место и Јарно Трули се обиде од надворешната страна да го помине Адријан Сутил, но излезе малку на тревата ја загуби контролата над болидот и го исфрли Сутил во голем судир. Тој се лизгаше долго по и околу стазата за на крај да го собере и Алонсо кој исто така мораше да се откаже од трката. Одма потоа на стазата излезе сигурносното возило.
По неколку круга трката можеше да продолжи. Баричело беше сигурен на првата позиција, но не успеа да создаде значајна предност и покрај тоа што беше пред Вебер, Кубица и Розберг зад себе.
Од друга страна Џенсон Батон имаше голема среќа за време на несреќата при стартот па доста се протна низ неколку возачи, а по неколку круга направи и неколку одлични поминувања и така од 14-та позиција на почетокот од трката стигна до позициите кои носат бодови.
Баричело беше најлесен според тоа дека прв влезе во боксот, а по неколку круга тоа го направија и неговите конкуренти. Кубица беше првиот од конкуренцијата и на изненадување на Рубенс излезе пред него, а истото го направи и Вебер со многу поголема предност со што беше осамен на првата позиција и во тој момент беше најизгледниот кандидат за победата на Големата награда на Бразил.
Другите влегувања во боксот не донеса промени на врвот. Вебер убедливо ја држеше првата позиција, Кубица втората. Баричело беше на третото место, додека Хамилтон одма зад него. Себастијан Фетел низ второто влегување во боксот успеа да го престигне Џенсон Батон кој во тој момент возеше на седмото место зад Ковалаинен.
На десет круга пред крајот Хамилтон успеа да го престигне Баричело на третото место, со што бразилецот ја загуби секоја надеж за освојување на првенството. Одма по престигнувањето на Рубенс се дозна дека има пробушена гума што значеше уште едно влегување во боксот по што падна на осмата позиција.
Се чекаше до самиот крај па по 71-от круг прв целта ја помина австралиецот Марк Вебер за кого ова беше втора победа во кариерата и сезоната. Роберт Кубица исто така се качи на победничкиот пиедесетал и тоа на второто место. Последното место на подиумот му припадна на Хамилтон кој практички беше на стратегијата на едно застанување во боксот.
Фетел по катастрофата во квалификациите стигна до одличното четврто место што му донесе голема радост, но тој неможеше да биде посреќен од Џенсон Батон – новиот светски шампион! Петтото место на британецот и осмото на Баричело значеше дека Батон и теоретски ја осигура шампионската титула за 2009-та година, а воедно БраунГП стана шампион во конструкторскиот дел.
{loadposition content9}