На 10.01.2023 во 17:15 часот во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, извршен е службен разговор со М.З.(62) од селото Ливада, струшко.
Тој се сомничи дека во периодот од 06:45 до 07:15 часот на улица „Владо Малески” во Струга со огнено оружје усмртил седум кучиња скитници. Од него, одземена е ловечка пушка сачмарка калибар 16 милиметри за вештачење – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.