Агенциите за недвижности предлагаат мерки за стимулирање на пазарот
Агенциите за недвижности предлагаат измени во законот. За раздвижување на пазарот физички лица од регионот и неевропските земји да може слободно да купуваат недвижнини во земјава. Постоечките законски регулативи овозможуваат само граѓани на ЕУ и САД, да може да купуваат недвижнини, а граѓаните од земјите од регионот се дискриминирани, тие мора да поседуваат правен субјект.
Агентите за недвижнини од Струга велат голем е интересот за станови и апартмани од потенцијални купувачи од Албанија, Косово, Србија и Црна Гора, но законот не им дозволува.
Според законите во земјава од граѓаните како физички лица од Албанија, Црна Гора, Косово, Србија немаат право да купуваат. Тие имаат право да купуваат само како правни лица. Граѓаните на ЕУ имаат право. Е сега кога би се тргнала оваа забрана затоа што кај нив не е така. Наш граѓанин во Албанија може да купува без проблем, а албански граѓанин во Македонија не може да купува – вели Инајет Положани, агент за недвижности Струга.
За дополнително да се стимулира пазарот за недвижности во земјава, потребни се измени и во кредитирањето на дијаспората. Иако се кредитноспособни банките во земјава им бараат жиранти.
Нашите жители кои се во дијаспора и странство како сакате, да може да се кредитираат за купување на недвижности овде. Бидејќи е државјанин на РМ, а работи во Цирих, тој не може овде да добие кредит за купување на стан иако тој може да го гарантира тој кредит со странска плата. Една мала измена направија банките да може со жирант, но во тие случаи се губи интимата – додава Положани.
Последните години цените на недвижностите во земјава бележат постојан пораст. Според последните податоци на Народна банка во последниот квартал од минатата година забележан е годишен раст на цените на становите од 20,6%.
Новинар : Соња Рилковска