Skip to main content

Трчање

Планински шампионски височини

Дејан Ангелоски, охриѓанецот кој ги руши своите резултати и поставува нови рекорди во планинско трчање, не мирува ниту во зимскиот период. Со десеттина тренинзи неделно, со минимум шеснаесет километри на ден, се подготвува за Балканското првенство кое ќе се одржи во Никшиќ, Црна Гора.
 |  инфодеск  | 
Планински шампионски височини Дејан Ангелоски

Со минимум шеснаесет километри секојдневен тренинг, трчање до планински шампионски височини. За Охриѓанецот Дејан Ангелоски зимскиот период не претставува пречка во остварување на целта, а тоа е подобрување на својот пласман на државно ниво, балкански и европски првенства во трчање на планина. Со десеттина балансирани тренинзи неделно, искачувајќи ја Галичица, ја одржува кондицијата и свеж фокус за идните натпреварувања.

Зимскиов период немам паузи, тренингов ми е распределен, општо во волумен и интензитет, зимно време работам само волумен. Моја главна трка на која сум фокусиран е Балканското првенство во Црна Гора во Никшиќ, прво треба да победам на државното првенство за да се квалификувам за таму. Целта ми е да бидам во првите 3 или нескромно да бидам прв на балканско првенство. Сметам дека можам и дека ја имам подготвенота за тоа.“, вели Дејан Ангелоски.

Дејан започнал како атлетичар, но во 2018 година учествувал на планинска трка на која прикажал солидни резултати. Кај него тоа создало интерес и жар за натпревар во планинските конкуренции. 2022 била доста продуктивна за него. Победил на Државно првенство во планинско трчање, учествувал на скај раниниг во Андора, Скај Рејс во Монте Роса, исто така на Балканско планинско првенство во Романија, на Светско првенство во Скај Ранинг во Италија. Дејан ги руши своите резултати и поставува нови рекорди како што е рекордот на патеката Титов Врв Скај Рејс.

Титов Врв е трка на која се посветувам најмногу на тренизните. Првата година истрчав 2.59 минути. Никогаш не сум трчал на толку голема висина. Понатаму истрчав 2.39 со рекорд на патеката, па наредната година 2.19 минути како рекорд на патеката и многу подобрено време за 20 минути од претходното, а 2022 година, беше скратена патека затоа што временските услови беа неповолни .“, потенцира Ангелоски.

Треба да се вложува и да се работи повеќе на афирмација на спортот вели Ангелоски. Со цел доближување на спортот до помладите, периодов тој започна со прикачување на видео содржини од неговите тренинзи во кои го претставува своето патешествие низ планините и смета дека со тоа ќе допринесе во промоција на здрави спортски навики кај сите генерации.