На 10.01.2023 во 20:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар од плинска боца во куќа на ул. „Даме Груев“, во која живеел Р.М.(54) од Охрид.
Пожарот е изгаснат од страна територијалната противпожарна единица, а Р.М. се здобил со повреди, поради што е пренесен во Медицински центар Охрид за укажување на лекарска помош – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Увид изврши екипа од СВР Охрид.