Василица одбележана во Општина Дебрца
Според стариот обичај, од баничката секој добива по едно парче, а оној кој ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет во текот на целата година.
Василица по традиција одбележана во општината Дебрца. Оваа година најсреќен беше Даниел Ристески од Оделението за Урбанизам.
Според стариот обичај, од баничката секој добива по едно парче, а оној кој ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет во текот на целата година. Даниел од колективот доби неколку подароци меѓу кои и икона со ликот на „Св. Василиј”. Се верува дека на тој што ќе му падне паричката ќе го прати среќа во текот на целата година – напиша градоначалникот Зоран Ногачески на официјалниот фејсбук профил.

Градоначалникот Ногачески на сите православни христијани им го честита празникот Василица и посака многу здравје, среќа и бериќет во Новата 2023 година.


