Skip to main content

Министер за образование и наука

Ќе се реконструираат 8 студентски домови меѓу кои и охридскиот

25 милиони евра за реконструкција на студентските домови во државава, меѓу кои и студентскиот дом „Никола Карев“ од Охрид. Проектот е финансиран од Германска развојна банка.
 |  инфодеск  | 
Студенски

Министерството за образование и наука (МОН) започна со подготвителни активности за крупниот инфраструктурен проект кој предвидува целосна обнова на државните студентски домови и нивно трансформирање во енергетски ефикасни објекти.

Реконструкцијата ќе опфати осум објекти меѓу кои и студентскиот дом „Никола Карев“ од Охрид.

Студенски дом

Како што велат од МОН, ќе се обезбедат подобри услови за сместување, престој и удобност во студентските домови, нагласувајќи дека тоа е еден од нивните клучни приоритети. Оваа информација беше споделена од делегација на МОН предводена од шефот на кабинетот на министерот, Агим Шаќири, која учествува на тридневна меѓународна конференција на ученичките и студентските домови во Југоисточна Европа, што се одржува во Белград, Република Србија, под наслов „Предизвици во работењето – со дијалог до напредок“.

На конференцијата беше посочено дека Министерството за образование и наука во соработка со здруженија на млади и здружението на ученички и студентски домови работи на подготовка на нов закон за младински стандард со кој, меѓудругото, ќе се реформира начинот на финансирање на ученичките и студентските домови и ќе се подобри стандардот на младите во нашата држава.