Се повлекуваат сетови од бамбус
Од домашниот пазар се повлекуваат детски сетови од бамбус. Станува збор за прибор за јадење, чаши, чинии и чинии со прегради од производителот ДОРЕЛ од Франција, а во земјава се увезени од скопски увозник Бебе Хоум. Агенцијата за храна и ветеринарство го издаде решението за повлекување на небезбедните производи по добиена нотификација од европскиот систем за брзо предупредување за небезбедна храна од пазарот.
„Пластичните производи што се продаваат како материјал за контакт со храна кои содржат бамбус и други неовластени адитиви на база на растенија којшто не се во согласност со одредбите од Правилникот за посебни барања за безбедност на пластичните материјали и производи кои доаѓаат во контакт со храна, а е усогалсен со Евроска регулатива“, информира Велика Атанасова од АХВ.
Од Ахв напоменуваат дека нема проценка за безбедност за повеќето адитиви од растителна основа, вклучувајќи го и бамбусот. Следствено на тоа, се забрануваат за употреба во пластиката. Од Агенцијата за храна и ветеринарство упатуваат препорака до купувачите да не ги употребуваат овие производи.
„Некои од нив претставуваат ризик за здравјето на луѓето затоа што употребата на бамбусот и другите неовластени мелени материи во пластичните производи кои доаѓаат во контакт со храната може да доведатат до забрзана дегардација на одредени пластики и да прејдат на супстанци од пластиката во храната. Во некои случаи миграцијата моеж да ги надмине безбедносните граници утврдени со правилникот за посебно барање за безбедност на палстичните материјали и производи кои доѓаат во конаткт со храната, напоменува Атанасова.
Пластичните материјали наменети за контакт со храната може да се произведат само со супстанци кои се темелно испитани и се одредени со Правилник. Во него засега се одобрени 900 супстанци како што се мономери, адитиви и помагала за производи на полимери.