Skip to main content

Анимација, едукација и инклузија

Креативен и Медија клуб за младите во Охрид

Поттикнување и активно вклучување на младите во заедницата е главниот фокус на годишната програма на Младинскиот Центар Охрид. Акцент ќе се стави на младинското учество, неформалното образование, информирање, вработување и култура. За таа цел се формираат волонтерски креативен и медија клуб, преку кои младите ќе можат да творат, да се изразуваат и да ги подобруваат своите животни вештини.
 |  инфодеск  | 
Младински центар Охрид

Активно вклучување на младите во заедницата е фокусот на годишната програма на Младинскиот центар Охрид. Подобрување на благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот, циркулација на информации од важност за младите и други аспекти од нивен интерес се предвидени во петте главни оски на програмата што опфаќа младинско учество, младинско информирање, култура, неформално образование и вработување и претприемништво.

Ќе се формира односно веќе е објавен огласот за креативен клуб, каде што ќе има доста театарски работилници, саем на рачни изработки, промоција на млади уметници. Преку веб страницата на Младински центар ќе се нудат повици за волонтерство, образование, култура, а кога сме кај вработувањето и претприемнишството, МЦО посебно ќе ја промовирата гаранцијата за млади, односно делот од оперативниот план за вработување. Се планира да се направи саем за кариера, да имаме кариерно советување кое ќе го реализираат кариерни советници. Секако, тука според мене најбитното е неформалното образование. Во овој дел веќе формиравме волонтерски клуб каде што самите волонтери имаат можност да научат повеќе за неформалното образование преку различни работилници, форуми, панел дискусии, се планираат еко акции, предавања за екологија, недискриминација и безбедност.“, вели Иво Ристески, од МЦО.

Периодов активен е огласот за пријавување на членови во новоформираниот Медија клуб при МЦО. Неговата цел е пласирање на ставовите на младите преку аудио и видео содржини, а се предвидува и печатење на весник.

Медија клубот ќе биде начин за младите охриѓани да ги искористат своите таленти за прикажување на одредени содржини, со истовремено користење на текстови, звуци, видео клипови и музика, сето тоа на креативен и иновативен начин да се прикаже замислата и да се стигне до целта. Заедно да креаираме содржини кои ќе бидат корисни за останатите млади со акцент на зголемена младинска информираност. Членовите на клубот ќе можат да придонесат со истото една работа е печатење на весник кој ќе информира и за работа и функцијата на МЦО во тековната година.“, кажа Ангела Митеска од МЦО.

Годинава, МЦО ќе се вклучи во одбележување на позначајни денови, со посебен акцент на одбележувањето на Светскиот ден на младите, 12-ти август. Најавуваат пригоден хепенинг на кој ќе се организираат серија активности со кои ќе се промовираат младите уметници, креативци и артисти.