Skip to main content

Извештајот за укинување на визите усвоен во одборот на ЕП

Извештајот за укинување на визите за Западен Балкан беше усвоен во Одборот на Европскиот парламент за граѓански слободи, правда и внатрешни работи.

Tanja Fajon
Тања Фајон
Извештајот за укинување на визите за Западен Балкан беше усвоен во Одборот на Европскиот парламент за граѓански слободи, правда и внатрешни работи.

pasosiОдборот, надлежен за подготовка на мислење за јулскиот предлог на Европската комисија за укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора, од почетокот на идната година, во понеделник доцна вечерта го усвои извештајот на европратеничката Тања Фајон со само еден глас против и два воздржани.

„Се радувам што државјаните на Македонија, Србија и Црна Гора наскоро слободно ќе патуваат во Европската унија“, изјави Фајон, изразувајќи надеж дека на почетокот на наредниот месец, тоа ќе биде потврдено и од Европската комисија.

Известувачката за визната либерализација пратеничката од Словенија во извештајот се заложи за што поскорешно укинување на визите и за БиХ и Албанија, кои не се вклучени во предлогот на Европската комисија.

Одборот на граѓански слободи, правда и надворешни работи, прифати и компромисно дополнување во кое ЕК се повикува да започне дијалог за укинување на визите и со Косово, во склад со резолуцијата на Обединетите нации.

По усвојувањето во матичниот одбор за извештајот на Фајон треба да гласа Европскиот парламент, што најверојатно ќе се случи на пленарното заседание во ноември.

{loadposition content9}